Дома Топ вести Милан во Ливерпул ја најде замената за Кеси

Милан во Ливерпул ја најде замената за Кеси

Играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита одби да го продолжи договорот со клубот, пренесуваат англиските медиуми.

Кеита има договор на уште две години, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, на кого договорот му истекува во јуни и може да го напушти „Сан Сиро“.

Кеита на лето ќе влезе во последната година од договорот, а многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па Милан ќе има голема конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…