Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ по седми пат стана шампион на Македонија

МЗТ по седми пат стана шампион на Македонија

Koшаркарите на МЗТ Скопје вчера станаа шампиони на Македонија откако во третиот финален натпревар го победија Работнички со 85:78.

До седмата титула која е освоена во последните осум години МЗТ дојде со победа од 3:0 во финалната серија над „вечниот ривал“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За МВП во финалната серија беше прогласен Дамјан Стојановски.

Најефикасни во победничкиот тим беа Иве Иванов со 23 поени, седум скокови и седум асистенции и Лестер Медфорд со 16 поени и седум асистенции, а во тимот на Работнички Чавдар Костов и Ѓорѓи Чековски имаа по 17 поени.

Шампионскиот пехар на МЗТ им го врачи новиот претседател на кошаркарската федерација Перо Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…