Дома Останати Мејведер очекува вистинско богатство од борбата со Кабиб – повеќе отколку од борбата со Конор!

Мејведер очекува вистинско богатство од борбата со Кабиб – повеќе отколку од борбата со Конор!

khabib mayewather

Флојд е предизвикан, а освен на социјалните мрежи, желбата да се бори против Конор ја потврди и со изјава во медиумите.

Мејведер кој има 41 година и е без пораз во кариерата се прости во спектаклот против Мекгрегор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Или барем сите така мислеа, додека Нурмагомедов не го победи Конор и го предизвика Мејведер. Дагестанецот сака да се бори, а Флојд без проблем го прифати предизвикот.

„Тој ме предизвика и мора да дојде во боксерскиот ринг“, изјави Мејведер кој го победи Мекгрегор и заработи огромна сума во спектаклот.
Нурмагомедов, добро ги користи рацете, но против боксерот кој има скор 50:0 сигурно нема да му биде лесно.

Колку би вредела нивната борба?

„Сигурно повеќе од онаа со Конор, претпоставувам околу 200 милиони евра“, изјави славниот боксер.

Изгледа дека на повидок е нова борба и нови астрономски суми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…