Дома Фудбал Англија Мечот Ливерпул-Атлетико е причина за 41 починат од коронавирус

Мечот Ливерпул-Атлетико е причина за 41 починат од коронавирус

Поради натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико, животот го загубија 41 лице, покажа анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС).

И покрај тоа што тогаш болеста беше во почетна фаза, Ливерпул ги пречека Атлетико на 11 март пред 52.000 фанови, од кои 3.000 пристигнаа од Шпанија. Тоа беше последниот меч во Англија пред мерките за карантин и прекинувањето на Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анализата на податоците покажува дека мечот бил одговорен за 41 дополнителен смртен случај во следните 25-35 дена, бидејќи проценката вели дека во Шпанија во тој момент имало 640.000 позитивни случаи, а во Британија само 100.000 случаи.

Во Англија тврдат дека ги спровеле сите мерки за превенција, но на крајот се покажа дека тоа не било случај, а и самиот Клоп пред извесно време изјави дека играњето на тој натпревар било „вистинска лудост“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…