Ракометарите на Металург ја остварија четвртата победа во годинешново натпреварување во Лигата на шампионите, совладувајќи го Татран Прешов со 26-20.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кај Металург се издвои голманот Дарко Арсиќ со 16 одбрани, кој му даде поддршка на Филип Талески кој постигна десет голови, следен од Александар Гуглета и Немања Обрадовиќ со по пет 5 погодоци. Кај Татран, Оливер Рабек постигна осум голови.
Сепак, лошата вест за Металург и македонската репрезентација е што го загуби Филип Кузмановски, кој заработи побреда и сигурно ќе го пропушти Светското ракометно првенство во Франција.
„Задоволен сум од победата, но ми се плаче поради Кузмановски. Ова е хголем удар за клубот, репрезентацијата и за него. Се надевм дека доколку постои и најмала можност ќе настапи на Светското првенство во Франција“, рече тренерот на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар.