Дома Фудбал Италија Медиумите го најавија Емери во Милан, а навивачите порачаа: Тоа е полошо и од корона!

Медиумите го најавија Емери во Милан, а навивачите порачаа: Тоа е полошо и од корона!

Унаи Емери според италијанските медиуми е еден од кандидатите за клупата на Милан, пишуваат медиумите во Италија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На Апенините се убедени дека Стефано Пиоли нема наредната сезона да седи на клупата на Милан и во склад со тоа на големо се шпекулира за потенцијалните наследници.

Прво изгледаше дека се е договорено со Ралф Рагник, но бидејќи Германецот таквите гласини ги отфрли како можно решение сега се споменува Емери кој е без работа откако доби отказ во Арсенал.

„Росонерите“ за Емери беа заинтересирани и во 2016 година, а сега целата приказна ја води Иван Газидис кого Шпанецот го доведе и во Арсенал, меѓутоа идејата за неговото доаѓање не им се допадна на навивачите.

На Твитер може да се видат бројни објави од навивачите дека Емери не е вистинскиот човек за нивниот клуб, а не кои симпатизиер пишуваат дека неговото доаѓање е полоша работа и од короната.

Во досегашната тренерска кариера Емери покрај Арсенал ги водеше уште ПСЖ, Севиа, Валенсија, Алмерија и Спартак Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …