Дома Останати Тенис Медведев со измешани емоции испрати порака откако го презема првото место од Ѓоковиќ

Медведев со измешани емоции испрати порака откако го презема првото место од Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Данил Медведев го презема првото место на АТП-листата од страна на Србинот Новак Ѓоковиќ, а во ист ден испрати порака преку социјалните мрежи за тоа како се чувствува.

Медведев преку социјалните мрежи објави порака во која кажа дека емоциите му се измешани, па одби да зборува за ситуацијата во Украина, но од неговата објава се гледа дека нешто не е во ред.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Голема чест е да се преземе првото место. Сигурен сум дека сите може да разберат дека ова се случува во недела со измешани емоции. Им благодарам на мојот тим, сопругата, спонзорите, пријателите и навивачите кои ми помогнаа. Тоа беше долг пат и се радувам на годините кои се пред нас“, напиша Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал елиминиран во првото коло на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал кој е рекордер на Ролан Гарос,годинава го заврши турнирот уште  во првото кол…