Дома Тенис Медведев во драматичен меч го победи Зверев

Медведев во драматичен меч го победи Зверев

Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Александар Зверев со 2:1 (6:3; 6:7; 7:6) во второто коло од Црвената група на завршниот Мастерс турнир во Торино.

Мечот помеѓу вториот и третиот светски тенисер започна со одлична игра на Медведев кој веднаш направи брејк и поведе со 2:0 во гемови, а потоа го добие сетот со 6:3.

 Во вториот сет Германецот остана без ниту една брејк шанса, но во првиот гем успеа да спаси две брејк топки и потоа во тај-брејк славеше со 7-3.

Во слична игра помина и третиот сет, се играше поен за поен се до новиот тај-брејк во кој сега поуспешен беше Русинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…