Дома Топ вести Мбапе спремен да потпише нов договор со ПСЖ, но со посебна клаузула

Мбапе спремен да потпише нов договор со ПСЖ, но со посебна клаузула

Иднината на Килијан Мбапе се уште е главна тема и не е познато дали и во следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.

Мбапе влезе во последната година од договорот и засега одбива да стави потпис на продолжување на соработката.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Целата ситуација внимателно ја следи Реал Мадрид, кој го одреди Килијан Мбапе како примарна трансфер цел.

Познато е дека голема желба на Мбапе е да заигра за „кралскиот“ клуб, но ПСЖ не сака да го продаде следното лето.

Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе само под еден услов е спремен да го продолжи договорот, а тоа е да биде ставена клаузула со која ќе може да побара трансефер доколку пристигне понуда од Реал Мадрид.

ПСЖ веднаш го одбил таквиот предлог, но одбива да го продаде дури и по цена следното лето да си замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…