Францускиот шампион ПСЖ повторно остана без Килијан Мбапе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѕвездата на тимот од „Паркот на принвоците“ се опорави од повредата од поради која пропушти неколку натпревари на почетокот на новата сезона и имаше одредена минутажа во минатото коло против Бордо, а потоа и против Галатасарај во Лигата на Шампионите.
Меѓутоа, настапот во Истанбул го чинеше. Повторно се повреди и нема да настапи во натпреварот против Анжер.
„Килијан утре нема да игра. Не успеа целосно да се опорави од претходната повреда, па нервот прави одредени проблеми“, изјави Тухел.
Покрај Мбапе, Тухел нема да може да смета на Кавани, како и на Дракслер, Керер и Дагбе.