Дома Топ вести Мбапе конечно проговори за потенцијален трансфер

Мбапе конечно проговори за потенцијален трансфер

Напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе конечно проговри за потенцијален трансфер.

Одличниот 18-годишен напаѓач со своите настапи оваа сезона ги занесе апсолутно сите, но во текот на сезоната не сакаше да зборува за заминување од Монако. Листата на клубови кои го посакуваат од ден на ден е се поголема и поголема, но младиот фудбалер се уште цврсто стои на земја.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мојата иднина? Се уште не знам. Се договорив со претседателот уште претходно да оставам се настрана додека не ја освојувам титулата. Тоа и го направив, не размислував за ништо друго освен за титулата. Ќе разговараме за тоа откако ќе се вратиме од репрезентативните паузи“, изјави Мбапе.

Овој одличен напаѓач оваа сезона навистина блесна. На 44 натпревари во сите натпреварувања постигна 26 гола со 14 асистенции. Се споменува дека овој фудбалер би можел да стане и најскапиот фудбалер на сите времиња и дека некои клубови се подготвени да платат за него дури 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…