Дома Трансфер зона Мауро Икарди е најголемата желба на Жозе Мурињо

Мауро Икарди е најголемата желба на Жозе Мурињо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е цврсто решен во своите редови да го доенсе Мауро Икарди, тврдат аргентинските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот весник „Оле“ објавува дека „црвените ѓаволи“ веќе почнале да работат на трансферот. Во моментов, Икарди преговара со Интер за продолжување на договорот во кој има откупна клаузула од 110 милиони евра.

Раководството на Интер ќе се обиде да ја зголеми оваа клаузула, која може да се активира во првиот месец од отворањето на трансфер пазарот.

25-годишниот капитен на Интер постигна 29 гола во 34 натпревари минатата сезона и во последните години се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Аргентинските медиуми тврдат дека токму Икарди ќе биде приоритетна цел на Мурињо за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…