Дома Фудбал Англија Маурицио Сари зборуваше на тема „Калум Хадсон Одои“

Маурицио Сари зборуваше на тема „Калум Хадсон Одои“

Сари конечно зборуваше за една од темите кои најмногу ги интересираат навивачите на „сините“.

Една од честите теми во спортските медиуми на Островот е статусот на Калум Хадсон Одои.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англичанецот важи за еден од најпреспективните фудбалери во Европа, неодамна забележа и дебитантски настап за сениорската репрезентација на „Гордиот Албион“ со само 18 години.

Сепак, од почетокот на сезоната тој не го убеди Маурицио Сари да му даде поголема минутажа во важните натпревари и покрај големиот притисок од јавноста. Поради тоа Одои размислува за заминување од „Стенфорд Бриџ“.

Неговиот договор истекува летото во 2020 година, многу се поврзува со Баерн, но Италијанецот на клупата на Челзи најави дека ситуацијата ќе се промени.

„Пред нас е тежок распоред и поради тоа сигурен сум дека Хадсон-Одои ќе биде стартер на два или три натпревари. Во блиска иднина тој ќе биде стартер на 80% од натпреварите“, изјави Сари.

Денес медиумите во Германија пишуваа дека во Челзи ја одредиле цената за овој фудбалер.

Германски „Билд“ открива дека од Челзи одлучиле да не ризикуваат и да го продадат Одои додека можат да заработат од него. Таа сума според информациите изнесува 50 милиони евра.

Како и да е јасно е дека во летниот преоден рок ќе има многу гласини поврзани со Одои, но периодот кој следи до завршување од сезоната сигурно ќе има големо влијание во неговата одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…