Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Матиќ добил закана од судијата дека ќе биде исклучен?!

Матиќ добил закана од судијата дека ќе биде исклучен?!

Србија загуби од Швајцарија во второто коло на Мундијалот, а играчот за врска на „Орлите“, Немања Матиќ го означи Феликс Брих како човек кој директно влијаел на коначениот резултат.

„Судијата беше катастрофален. Не досуди чист пенал. Можеше барем да се консултира со ВАР. Ни делеше картони…Мене отворено ми кажа дека имам само уште една шанса да избегнам црвен картон“, изјави Матиќ по натпреварот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак потоа додаде и дека покрај судијата, главниот впечаток е на каков начин ги примиле погодоците.

„Криво ни е, дадовме се од себе. Евтино примивме два гола. На сите ни е криво. Сега се што треба да направиме е побрзо да се опоравиме“, заврши Матиќ.

Србија во следното коло ќе игра против Бразил и за 1/8 финале нема друга опција, освен победа против „Кариоките“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…