Реал Мадрид летово планира да се ослободи од фудбалерите на кои нема да смета следната сезона, а еден од нив е Марсело.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот има уште една година од договорот, но тој оваа сезона го загуби првотимскиот статус, па Реал му ја отвори излезната врата.
Шпански „АС“ објави дека Марсело нема намера да остане и не е во плановите на новиот тренер, кој наскоро ќе биде промовиран.
Интерес за 33-годишниот бек има од неколку европски клубови, но шпанските медиуми пренесуваат дека Фенербахче е фаворит за неговиот потпис.
Турскиот клуб му нуди 3-годишен договор, а финансиските детали се уште не се познати.