Дома Топ вести Марсело го напушта Реал, се сели во Серија А

Марсело го напушта Реал, се сели во Серија А

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело до крајот на преодниот рок ќе го напушти „кралскиот“ клуб, пренесува „Дон Балон“.

Истиот извор наведува дека Бразилецот веќе донел одлука и избрал кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За неговиот потпис се силно заинтересирани Јувентус и Интер, а Марсело веќе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

„Дон Балон“ тврди дека Марсело веќе ја прифатил понудата на Јувентус и ќе се пресели кај својот пријател Кристиано Роналдо.

32-годишниот Марсело има уште две години од договорот со „кралевите“, но Реал нема да му стои на патот и ќе го пушти да се пресели во Торино.

Поради тоа Марсело воопшто не беше повикан за вчерашниот дуел на Реал Мадрид против Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…