Дома Фудбал Останато Марсело Биелса пред враќање во клубот со кој ја имаше една од најуспешните сезони

Марсело Биелса пред враќање во клубот со кој ја имаше една од најуспешните сезони

Искусниот аргентински тренер, Марсело Биелса е блиску до враќање во Атлетик Билбао, објавија шпанските и англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познатиот стручњак седеше на клупата на баскискиот тим од 2011 до 2013 година и беше творец на една од најдобрите сезони во историјата на клубот од стадионот „Сан Мамес“.

Билбао со Биелса на клупата во 2012 година стигна до финалето на Лига Европа, во кое беа поразени од Атлетико Мадрид со 3:0, додека со идентичен резултат загубија од Барселона во финалето на Кралскиот куп.

Атлетик Билбао го очекуваат претседателските избори на 24 јули, а од тоа ќе зависи дали Аргентинецот ќе се врати на клупата на тимот, кој заедно со Реал Мадрид и Барселона никогаш не испаднал од елитните ранг на шпанскиот фудбал.

Биелса без ангажман е од прекинот на соработката со Лидс каде што бележеше лоши резултати во последната сезона.

Покрај Лидс и Атлетик Билбао, Аргентинецот ги предводеше и Њуелс Олд Бојс, Атлас, Америка, Велез Сарсфилд, Еспањол, Марсеј, Лацио, Лил, како и репрезентациите на Аргентина и Чиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…