Дома Фудбал Италија Марота потврди: Јувентус – Интер без публика во недела!

Марота потврди: Јувентус – Интер без публика во недела!

Во Италијан се уште трае хаосот со одложените натпревари поради коронавирусот, а најголемо внимание секако привлекува дербито помеѓу Јувентус и Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот требаше да се игра синоќа, најпрво беше одлучено да се игра без публика поради корона вирусот, а потоа и официјално беше одложен.

Првично мечот беше преместе да се игра на 13-ти мај, но двата клуба настојуваат да се избере друг датум, па најверојатно дербито ќе се одигра овој викенд.

Владата на Италија денес излезе со декрет сите спортски настани во наредните 30 дена да се играат без публика, па и дербито ќе се игра пред празни трибини.

„Единствен начин за да продолжи првенството е да се игра без публика. Лигата ги зеде во предвид нашите барања прво да се одиграат одложените натпревари, па Јувентус – Интер би требало да се игра во недела или понеделник“, потврди директорот на Интер, Бепе Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …