Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен пристигна како големо засилување во Интер на почетокот на оваа година, но на „Џузепе Меаца“ не му оди како што очекуваше.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ериксен во Интер дојде од Тотенхем за 27 милиони евра и од него очекувањата беа големи, но изгледа дека таквите очекувања никогаш нема да ги исполни. Анотнио Конте не смета на него и тоа е повеќе од јасно.
Дека во Интер Ериксен е отпишан потврди и директорот на овој клуб, Бепе Марота.
„Да, можам да ви потврдам дека Ериксен е на трансфер листата. Тој ќе замине во јануари. Не е во плановите на тренерот и кубот, тешко му оди тука. Мислам дека вистинско решение е да најде клуб каде што ќе има повеќе простор за игра“, изјави Марота.