Дома Трансфер зона Марота го нема, но Јуве продолжува: „Дамата“ спрема нов случај „Погба“ овој пат од синиот дел на Манчестер

Марота го нема, но Јуве продолжува: „Дамата“ спрема нов случај „Погба“ овој пат од синиот дел на Манчестер

Aко им се верува на британските медиуми наредното лето би можеле да видиме еден од најчудните трансфери во последно време, барем како зборуваме за топ клубовите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мирор“ пишува дека Јувентус е заинтересиран за доведување на талентираниот фудбалер на Манчестер Сити, Фил Фоден и дека би можел да го доведе за само 175.000 фунти.

Фоден со Манчестер Сити има договор до крајот на сезоната, а наводно има проблем околу продолжувањето на соработката. Не е познато што ја кочи работата, но во случај Фоден да не го продолжи дговорот ќе стане слободен играч. Во тој случај Јувентус на Сити ќе мора да му ја плати само оштетата за тренирање.

Фил Фоден оваа сезона не добива многу прилика за игра, а во Премиер лигата на четири натпревари собра само 46 минути. Игра на позицијата централен играч за врска, но може да се кориси и нешто понапред.

Во овој момент тој е и член на младата репрезентација на Англија за која дебитираше овој месец.

https://www.youtube.com/watch?v=afdsZsnwvy0&t=2s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…