Дома Фудбал „Марка“ тврди: Меси донел одлука за својата иднина

„Марка“ тврди: Меси донел одлука за својата иднина

Барселона денес и официјално го назначи Роналд Куман за нов тренер и ова лето се подготвуваат големи промени во тимот на Каталонците.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако претседателот Бартомеу најави сигурно останување на Меси на „Камп Ноу“ и дека Аргентинецот ќе биде централна фигура во тимот на Куман, сепак  не престануваат шпекулациите за неговата иднина.

Меси има уште една година од договорот со Барселона, а еминентната „Марка“ тврди дека донел одлука да не го продолжува договорот.

Аргентинецот не сака да си замине од Барса без обештетување и преферира ова лето да ја промени средината, а најсилен интерес во моментов покажуваат Манчестер Сити и ПСЖ.

Барселона ќе направи се за да го задржи Меси и тешко дека ќе прифати понуда за него ова лето, но постои голема веројатност да го загуби Аргентинецот без обештетување следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Килијан Мбапе ја изгуби поддршката од бројни навивачи на Реал ширум светот, што доведе до …