Британскиот тенисер Енди Мари денес го оперираше колкот во Мелбурн и според првите прогнози би требало да се врати на терените дури за Вимблдон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Се уште не сум завршил со тенисот на највисоко ниво. Верувам дека ќе бидам спремен да сезоната на трева“, изјави Мари, моментално 19-ти играч на светот.
Мари е надвор од терените од Вимблдон минатата година, се обиде да се врати неодамна на егзибицискиот турнир во Абу Даби, но лесно загуби од Роберто Баутист-Агусто (6:2), па се одлучи да оди на операција.
Мари во кариерата има освоено 45 трофеи, меѓу кои три Гренд слем титули.