Дома Останати Маратонската машина Кипчоге победник на берлинскиот маратон

Маратонската машина Кипчоге победник на берлинскиот маратон

Олимпискиот шампион во маратонско трчање, Кениецот Елиуд Кипчоге, победи на берлинскиот маратон кој вчера се одржа во германската престолнина.

Кипчоге, по дождливото време, победи со време 2:03.32 часа, што е за 35 секунди полошо време од светскиот рекорд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Условите не беа идеални. Врнеше дожд. Среќа што ветерот не беше силен. Задоволен сум бидејќи го победив Адола“, рекол Кипчоге.

Геј Адола од Етиопија трката ја заврши на второто место. Тој зад Кипчоге задоцни за 14 секунди.

На маратонот во Берлин учествуваа 43.000 натпреварувачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …