Дома Трансфер зона Манџукиќ има три понуди, наскоро заминува од Јувентус

Манџукиќ има три понуди, наскоро заминува од Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ наскоро ќе го напушти Јувентус и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватот не влегува во плановите на новиот тренер Маурицио Сари и нема да биде пријавен за настап во Лигата на шампиони.

Во текот на целото лето имаше шпекулации за трансфер на 33-годишниот напаѓач, но тој остана во Торино. Меѓутоа, сега има шанси Манџукиќ да ја прифати понудата од Блискиот Исток.

Трансферите во Катар се отворени до крајот на септември, а неколку клубови се заинтересирани за хрватскиот напаѓач. Имено, три катарски клуба веќе доставиле понуда до Хрватот, па се очекува во наредните денови да го напушти Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…