Откако Маурицио Сари го изостави од списокот за Лигата на шампиони, стана јасно дека Марио Манџукиќ не е во плановите на Јувентус оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на целото лето имаше шпекулации за трансфер на 33-годишниот напаѓач, но тој остана во Торино. Меѓутоа, Манџукиќ во зимскиот преоден рок сигурно ќе го напушти Јувентус.
Медиумите пренесуваат дека Манџукиќ има понуди од Катар, но тој сака да остане во Европа и големи се шансите да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
Имено, Вест Хем веќе стапил во контакт со неговиот агент и испратил понуда, која Хрватот е спремен да ја прифати.