Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бремер пред две години пристигна во Јувентус и се наметна како столб на одбраната на „старата дама“ со што го потврди статусот за еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Бразилецот сака да ја промени средината и преферира да игра во Премиер лигата, а во неговиот договор има откупна клаузула од 51 милиони фунти.
Таа сума воопшто нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед, кој на лето сака да донесе дефанзивец бидејќи приоритет на „црвените ѓаволи“ е засилување на одбраната.