Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Милан, Криштоф Пјонтек, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по напаѓач, а после повредата на Рашфорд, Јунајтед ќе мора да донесе барем еден напаѓач до крајот на преодниот рок.
На „Олд Трафорд“ размислуваат да испратат понуда за 24-годишниот напаѓач кој падна во втор план во Милан и е ставен на трансфер листа.
„Црвените ѓаволи“ првично го сакаат Пјонтек на позајмца до крајот на сезоната, но Милан ја одбил таквата понуда и бара задолжителен откуп на лето. Меѓутоа, двата клуба продолжуваат со преговорите и се очекува во наредните денови да најдат заеднички јазик за трансферот.
„Росонерите“ за потписот на Пјонтек бараат 35 милиони евра, а покрај Јунајтед за него силен интерес покажуваат уште Тотенхем, Севиља и Вест Хем.