Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед е опција за Ериксен

Манчестер Јунајтед е опција за Ериксен

Кристијан Ериксен е слободен во изборот на новиот клуб, а како што стојат работите ќе остане во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Данецот ја оживеа својата кариера во Брентфорд каде што имаше договор до крајот на сезоната, а сега може да добие нови предизвици. Како што е познато на Ериксен му вграден дефибрилатор, а со тоа не може да игра во некои првенства.

Според најавите на медиумите од Островот, 30-годишниот фудбалер ќе остане во Премиер лигата.Одличниот дански играч за врска досега настапуваше за Ајакс, Тотенхем и Интер, а сега би можел да има епизода во Манчестер Јунајтед.

„Сан“ објави дека „црвените ѓаволи“ ги забрзале работите во последните денови и сакаат да го ангажираат Ериксен откако тој стана слободен играч. Ерик Тен Хаг сака да направи промени, а играч како Ериксен секако му е потребен.

Данскиот играч за врска целосно се опорави и зад себе остави здравствени проблеми и полека но сигурно се потсетува на своите најдобри денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…