Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед донел одлука за Мегваер

Манчестер Јунајтед донел одлука за Мегваер

Манчестер Јунајтед донел одлука и ќе го продаде Хари Мегваер на крајот од оваа сезона.

Денеска англиските медиуми пишуваат дека Мегваер нема да го напушти клубот оваа зима, но дека на лето многу лесно би можел да го напушти „Театарот на соништата“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерик тен Хаг очигледно нема доверба во него, дури и кога не можеше да смета на Лисандро Мартинез како стопер играше Лук Шо додека Маласија ја покриваше левата бековска позиција.

Мегваер дојде за 85 милиони евра и Јунајтед тешко ќе ги врати тие пари со оглед на настапите кој ги покажуваше англискиот дефанзивец.

Се уште е рано да се зборува за имињата на клубовите, но најавите се дека Мегваер ќе остане во Премиер лигата. Претходно настапуваше за Хал, Виган и Шефилд Јунајтед. „Трансфермаркт“ во овој момент го проценува на вредност од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…