Џејдон Санчо ги реши несогласувањата со тренерот Ерик Тен Хаг по враќањето во Манчестер Јунајтед, но се уште останува отворена вратата за негово заминување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ е силно заинтересиран за услугите на Санчо, а Англичанецот не би имал ништо против да се пресели во Париз.
Манчестер Јунајтед нема ништо против од негово заминување, но само под услов на „Олд Трафорд“ да пристигне понуда од 50 милиони евра, а тоа е речиси двојно помалку отколку што потроши за неговите услуги.
Санчо минатата сезона беше исфрлен од првиот тим на „ѓаволите“, па беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд каде што блесна.