Дома Фудбал Манчестер Сити ја прифати понудата, пристигнува големо засилување за тимот на Роналдо

Манчестер Сити ја прифати понудата, пристигнува големо засилување за тимот на Роналдо

Раководството на Ал Наср договори ново големо засилување, а тоа е дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се повеќе ѕвезди решија играњето во европските лиги да го заменат со Саудиска Арабија.

Се разбира, главната причина за тоа се парите, но лигата привлекува се повеќе многу добри имиња.

По вчерашното официјално заминување на Нејмар во Саудиска Арабија, денеска стигна потврда дека и Лапорте оди во оваа лига.

Тој во Ал Наср ќе игра со Кристијано Роналдо и со тоа ќе стане нов играч од Манчестер Сити кој се преселил во оваа лига.

Претходно Махрез од Манчестер Сити се пресели во Саудиска Арабија, но не во Ал Наср туку во Ал Ахли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудесниот Мбапе чекори кон учинок каков што немал никој друг на еден Мундијал!

Килијан Мбапе (27) продолжува да плени на неговото трето Светско првенство во кариерата. В…