Според последните информации на медиумите на Островот, Манчестер Сити е блиску до ангажман на замена за Ријад Марез.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Последните информации говорат дека фудбалерот на Рен, Џереми Доку ќе го наследи Алжирецот кој одлучи својата кариера да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Вредноста на Доку е далеку помала, но Сити е спремен да плати помеѓу 55 и 60 милиони евра за да ја заврши работата побрзо. Претходно интерес за Доку покажа и Вест Хем, но се истакнува дека Манчестер Сити има предност.
Пред Рен, Доку го носеше дресот на Андерлехт, додека за репрезентацијата на Белгија собра 14 натпревари и постигна два гола. Дресот на Рен го носеше на 92 натпревари, постигна 12 гола и запиша 10 асистенции.