Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го прави Де Геа најплатен голман на светот

Манчестер Јунајтед го прави Де Геа најплатен голман на светот

Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Де Геа за нов договор продолжуваат, па „црвените ѓаволи“ испратиле нова, подобрена понуда, што ќе го направи Шпанецот најплатениот голман во светот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Само пред неколку дена Манчестер го официјализираше новиот договор на Маркус Рашфорд, па сега раководството ќе се насочи кон продолжување на соработката со Давид де Геа.

Двете страни водеа преговори преку целата мината сезона, но не успеаа да најдат заенички јазик. Договорот на Шпанецот истекува следното лето, па поради тоа на „црвените ѓаволи“ им се брза.

Де Геа сака покачување на платата, а новата понуда од раководството е 350.000 фунти неделно, пренесуваат англиските медиуми.

Сега се чека одговор на Де Геа, но на „Олд Трафорд“ се оптимисти дека голманот ќе ја прифати оваа понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …