Дома Останати Ракомет Малку фалеше Швајцарија да ни даде шанса за борба за прво место, Данска едвај победи

Малку фалеше Швајцарија да ни даде шанса за борба за прво место, Данска едвај победи

Данска тешко ја совлада Швајцарија со 30:29 во вториот натпревар од 5. коло во групата 7 во квалификациите за ЕП.

Со оваа победа Данците не ни дозволија да се бориме за првото место во групата против Швајцарија во недела, но добрата страна на овој резултат е што имаме загарантирано второ место.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Без Микел Хансен Данска едвај дојде до победа. Беа во негатива речиси цел натпревар. На полувремето Швајцарците водеа со 17:14.

Шмид ја предводеше Швајцарија која водеше се до 45. минута кога Данска дојде до изедначување на 22:22. Потоа до крајот Данска го одржуваше тесното водство.

Шмид беше најефикасен на натпреварот со 12 гола, додека во редовите на Данска Гидсел, Менсах, Ларсен и Јакобсен постигнаа по четири.

Така Македонија групната фаза ќе ја заврши како второпласирана селекција бидејќи невозможно е да се очекува кикс на Данска со Финска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Хрватска не ја избра Македонија: Познати шеширите за Светското првенство

За пет дена ќе се одржи ждрепката за Светското првенство, а сега се одрени и шеширите. Oрг…