Дома Фудбал Репрезентации Македонски навивачи уште од денес се упатуваат за Италија!

Македонски навивачи уште од денес се упатуваат за Италија!

Баражот помеѓу Македонија и Италија е се поблиску, дуелот во четврток македонската јавност го очекува со нетрпение, тоа ќе биде прв бараж за Мундијал во кој ќе играме.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На трибините во Палермо се очекуваат околу 1.300 навивачи, а уште од денес македонските фанови веќе се упатуваат за Рим од каде што со друг превоз ќе се упатат за Палермо.

Според нашите информации голем број македонски навивачи имало денес во авио линијата Скопје – Рим.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра в четврток од 20:45 часот. За сите кои ќе го следат натпреварот во живо преттходно Фудбалската Федерација на Македонија објави ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ – ТУКА.

Ќе потсетиме подобриот од дуелот помеѓу Италија и Македонија на 29. април ќе игра за место на Мундијалот против подобриот од второто полуфинале во оваа група помеѓу Португалија и Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нова ера на „Енфилд“: Ливерпул подготви 120 милиони евра за првото засилување

Андони Ираола го презема кормилото на поранешниот шампион Ливерпул, а раководството на тим…