Македонската одбојкарска репрезентација го загуби дуелот со Чешка со 3-0 во сетови и како четврта ја заврши групната фаза од Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа значи дека во осминафиналето ќе играме против силната селекција на Италија, на гостински терен во Бари.
Капитенот Никола Ѓоргиев се врати во тимот по повредата на грбот, но не успеа да ја поведе репрезентацијата до уште една победа.
Рамноправни бевме само во вториот сет во кој се боревме до крај, го загубивме со 25-23. Во првиот и третиот сет Чешка беше супериорна и на крајот славеше убедливо со 3:0 (25-19, 25-23, 25-17).