Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија се спасуваше од пораз – Поповски донесе реми против Италија

Македонија се спасуваше од пораз – Поповски донесе реми против Италија

Македонската ракометна репрезентација после вчерашната победа над Турција, денес се спасуваше од пораз против Италија и одигра реми, 26:26.

Подмладената селекција на Македонија се спасуваше од пораз против Италија и со голот на Поповски успеа да извлече реми 26:26.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија го отвори подобро мечот, па тргна со серија од 4-0, по што и Македонија врати на ист начин и израмни на 4-4, а на одморот се замина со нерешени 12:12.

Во вториот дел Италија се одлепи на пет голови разлика 22:17, но финишот и припадна на Македонија. Пред самиот крај Мартин Поповски од пенал погоди за конечни 26:26.

Македонија ја очекуваат уште два пријателски меча во Скопје и тоа против Грузија. Составот на Брестовац за овие мечеви ќе биде засилен со интернационалците Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Филип Талески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …