Македонската фудбалска репрезентација на 11 ноември ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Норвешка на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија досега има одиграно три натпревари против Норвешка, два квалификациски и еден пријателски и сè уште е без победа против оваа скандинавска селекција.
Во квалификациите за СП 2010 година дуелот беше без голови во Скопје, додека на гостувањето во Осло, Норвешка, славеше со 2:1. Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло Македонија загуби со 2:0.
На најновата ФИФА ранг листа Норвешка е рангирана на 58-то, а Македонија на 85-то место.