Дома Македонски спорт Македонија денес може да слави пласман на Европско првенство!

Македонија денес може да слави пласман на Европско првенство!

Денеска со почеток од 15:00 часот женската ракометна репрезентација на Македонија го игра квалификацискиот натпревар за Европското првенство против селекцијата на Азербејџан.

Овој натпревар е во рамките од претпоследното коло во квалификациите за првенството кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ако Македонија денес слави во Баку, а Литванија загуби од Шпанија (18:00) нашите репрезентативки ќе слават пласман на турнирот. За Македонија тоа би било седмо учество на континенталните собири во женска конкуренција.

Во натпреварот против Азербејџан влегуваме како фаворити и се освен наша победа би било изненадување. Првиот дуел во Скопје го добивме со 40:17.

Последниот натпревар од квалификациската група го играме на 7. април на домашен терен против Литванија од 18:00 часот. РФМ веќе потврди дека влезот за тој натпревар ќе биде бесплатен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…