Репрезентацијата на Македонија денес ги дозна противниците во групата за Европското првенство во 2022 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија пред неколку дена со победа ги заврши одличните квалификации во кои со 10 бода завршивме втори во групата со ист број на бодови колку и Данска, светскиот и олимписки шампион беше пред нас поради подобриот меѓусебен дуел. Зад нас останаа Швајцарија и Финска.
Денешната ждрепка сакаше Македонија и на Европското првенство да биде во група со Данска. Покрај Данска со нас во групата ќе бидат уште селекциите на Словенија и Црна Гора.