Горјан Славески продолжи да победува во БКФЦ (бокс без ракавици) шампионатот и ја забележа четвртата победа во низа, противник овој пат му беше Русинот Евгениј Курданов кој дебитираше во овој шампионат.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За првпат Славески не победи со нокаут, претходно трите победи му беа со нокаути. До победата стигна со едногласна одлука на судиите која беше заслужена затоа што доминираше во комплетната борба.




Претходно со нокаут Славески ги победуваше Далас Дејвисон, Џастон Стил и Рамал Аманов.



