Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Атлетико се силно заинтересирани за ѕвездата на Валенсија, Гонзало Гуедес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гуедес оваа сезона настапува во Валенсија како позајмен фудбалер од Пари Сент Жермен и го сврте вниманието кон себе со феноменалните настапи во Примера.
Валенсија нема можност да го откупи португалскиот интернационалец на крајот на сезоната, но ќе побара од ПСЖ да го добие фудбалерот и следната сезона на позајмица.
Сепак, шпанските медиуми тврдат дека двата гиганти од Мадрид веќе спремаат понуди за 21-годишниот играч на ПСЖ и сакаат да го донесат во своите редови.
Гуедес претставува еден од најголемите фудбалски таленти во Европа, па ПСЖ иако има одличен тим, тешко дека ќе се откаже од него.