Дома Трансфер зона Лука Јовиќ од јануари во Серија А?

Лука Јовиќ од јануари во Серија А?

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера на свој терен го победија Леганес со 5:0, а првиот гол во дресот на Реал Мадрид на овој натпревар го постигна Лука Јовиќ.

Српскиот напаѓач во таборот на „кралевите“ пристигна ова лето од Франкфурт, но се уште се мачи со вклопувањето во новиот тим. Откако добиваше голем број критики, Реал конечно успеа да го постигне првенецот во дресот на „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зидан и тоа како верува во Јовиќ, но свесен е дека потребно му е уште некое време да дојде до нивото на кое се сите очекуваа да биде. Покрај голот кој го постигна во медиумите се пишува дека би можел да го напушти Реал во јануари.

„Калчомеркато“ објади дека многу веројатно Јовиќ ќе оди на позајмица до крајот на сезоната, а интерес за неговите услуги покажал Милан. „Росонерите“ сакаат да го доведат на позајмица иако се свесни дека ако Јовиќ се покаже Рела нема да им дозволи да го откупат.

Во досегашниот дел од сезоната српскиот напаѓач одигра десет натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…