Во натпреварот од Купот на Аргентина, на „Бомбоњера“ гостуваше Гимнасија Ла Плата, а Бока Јуниорс успеа да помине во следната фаза по изведувањето на пенали.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гостите промашија дури четири удари од белата точка во пенал серијата, но и тоа не беше она што го обележа овој натпревар.
Имено, во сите медиуми во Аргентина денеска е претседателот на Бока, поранешниот играч, легендарниот Хуан Роман Рикелме.
Во еден момент дојде до конфликт на трибините, полицијата тргна по ултрасите на Бока, а потоа на патот им застана Рикелме.