Дома Кошарка Луда завршница: Вакви последни пет секунди НБА не памети!

Луда завршница: Вакви последни пет секунди НБА не памети!

Oклахома и Њу Орлеанс се двата најлоши тимови на Западот, но нивниот натпревар изминатата вечер се најде во центарот на вниманието.

На четири ипол секунди до крајот Оклахома имаше 110:107, тројка погоди Шаи Гилгеус-Александар од скоро половина терен. Тогаш се очекуваа продолженија на 1.4 секунди до крајот.

Но, Девонте Грем не мислеше така, ја зема топката од под кошот направи неколку чекори и од повеќе од 18 метри преку раката на противникот ја исфрли топката која заврши во кошот на домаќините.

Неговиот шут е најдолгиот кош постигнат во НБА во последните 25 години. Треба да се спомене дека исто така за првпат е видено да се постигнат две тројки во последните пет секунди од повеќе од девет метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Регионален старт за МЗТ: во Никшиќ се бара прекин на меѓународната низа

МЗТ Скопје ја отвора сезоната во АБА2 со гостување кај Сутјеска. По три европски порази, м…