Дома Фудбал Лоши вести за Полска: Пјонтек нема да игра на Европското првенство

Лоши вести за Полска: Пјонтек нема да игра на Европското првенство

Лоши вести пристигнуваат за Полска пред почетокот на Европското првенство.

На еден месец пред стартот на ЕП се потврди веста дека оваа репрезентација на турнирот ќе биде без одличниот напаѓач Криштоф Пјонтек.

Пјонтек заработи повреда на скочниот зглоб и неопходна ќе биде операција. Веста дека нема никакви шанси тој да настапи на ЕП ја потврди докторот на полската репрезентација, Јацек Јарошевски.

„Операцијата ќе биде неопходна. Пјонтек ќе мора да паузира три-четири месеци“, изјави докторот од репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…