Дома Фудбал Лоша вест за Барса: Еден репрезентативец се врати повреден!

Лоша вест за Барса: Еден репрезентативец се врати повреден!

На списокот на повредени фудбалери на Барселона се придружи и искусниот аргентински фудбалер Хавер Маскерано.

Маскерано се повреди во дресот на аргентинската репрезентација за време на пријателскиот дуел со Нигерија, натпревар кој Африканците го добија со 4:2.

Станува збор за повреда на бутниот мускул на десната нога, а денес беше и потврдено дека Маскерано ќе биде надвор од терените цели четири недели.

Покрај Аргентинецот надвор поради повреда се уште и Осман Дембеле, Рафиња, Арда Туран, Андре Гомеш и Алеиш Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов клуб на Хамес Родригез: „Најголемиот кај најголемите. Тоа беше неизбежно“

ХАМЕС РОДРИГЕЗ, капитенот на колумбиската репрезентација и поранешниот играч на Реал Мадри…