Дома Фудбал Лопетеги во Реал Мадрид сруши уште еден негативен рекорд

Лопетеги во Реал Мадрид сруши уште еден негативен рекорд

Реал Мадрид денес доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Барселона каде што изгуби со убедливи 5:1.

Овој пораз веројатно е „капката која ќе ја прелие чашата“ кај претседателот на „кралевите“, Флорентино Порез.

Потопот на „Ноу Камп“ за Лопетеги беше четврти во низа во Ла Лига што на овој клуб не му се случило од мај 2009 година, односно девет ипол години.

Навистина неверојатно е колку Реал игра лошо, па фудбалскиот свет во наредните часови ја чека и веста за отказот на Јулиен Лопетеги. Ќе потсетиме овој старт на Реал Мадрид во Ла Лига е најлош во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја пречекува Србија во Лигата на нации

Холандија ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на врвот во групата А2 од Лигата на …