Дома Фудбал Останато Линекер до Барселона: Ајде, нели бевте повеќе од клуб?

Линекер до Барселона: Ајде, нели бевте повеќе од клуб?

Mногу прашина се крена во претходните денови во фудбалската јавност откако беше објавно дека е формирано новото натпреварување – Суперлига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суперлигата ја основаа најбогатите клубови во Европа со цел да заработуваат многу повеќе пари отколку што е во овој момент случај од натпреварувањата на УЕФА. Главен заговорник за оваа идеја беше Флорентино Перез, кој сега е и претседател на ова натпреварување.

До овој момент учеството го потврдија: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Челзи и Ливерпул.

Ова натпреварување би требало да има 20 клубови од кои 15 ќе бидат фиксни учесници (набројаните 12 и уште три).

Голем број фудбалери го критикуваа формирањето на оваа лига, а сега се огласи Гери Линекер кој испрати „отровна стрела“ кон Барселона.

„Ајде Барселона, ти си подобра од ова. Ова не е она што е својствено за тебе. Ти си повеќе од клуб, докажи дека тоа е вистина“, порача Линекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија во Франција: Фудбалер скокнал во вода и се удавил!

Од Франција пристигна трагична вест. Младиот фудбалер на Гингамп, Кензо Кис, е во состојба…