Дома Топ вести Ливерпул спреми понуда за Саул Нигез

Ливерпул спреми понуда за Саул Нигез

Играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез го притиска раководството да го пуштат да направи трансфер ова лето.

26-годишниот Шпанец веќе подолго време е трансферна цел на „црвените ѓаволи“ кои минатата година направија конкретен обид да го донесат на „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, сега во трката за потписот сериозно се вклучи Ливерпул, кој веќе спремил понуда за Саул Нигез.

Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска и е спремен да понуди 40 милиони фунти за потписот на Саул Нигез.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра, па се очекува двата клуба наскоро да седнат на преговарачка маса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …